Франција со 24:21 ја победи Русија и за прв пат во својата историја стана европски ракометен шампион во женска конкуренција.
Франција на свое тло стана нов европски шампион. Французинките во финалето беа подобри од Русија и дојдоа до континенталната круна.
И Франција и Русија атакуваа на своето прво злато на европските првенства, на крајот домашните ракометарки се радуваа на големиот трофеј.
Натпреварот во најголемиот тек беше неизвесен, но Франција ја имаше контролата. На полувремето се замина со предност на Французинките со 13:12. Во вториот дел Русија се обидуваше да дојде до пресврт, но постојано беа на дистанца од 2-3 голови разлика. На крајот Франција сосема заслужено дојде до победата од 24:21.
Во составот на Франција одлична партија имаа поранешните Вардарки, Амандин Лејно и Лакрабер која беше најефикасна со шест голови. Во составот на Русија, Вјахирева постигна седум голови.
Пред овој меч се одигра дуелот за третото место во кој Холандија со 24:20 ја победи Романија и ја освои бронзата.