Тавани од дваесет и четири каратно злато, 6.400 блескави лустери и 500 метри плажа. Кога велиме претерување, тоа се однесува на овој хотел во вистинската смисла на зборот.
Емералд Палас Кемпински Дубаи е хотел кој не е се’ само не само скромен.Минатиот месец ги отвори своите врати за гостите на длабок џеб.
Хотелот е инспириран од европските палати од 18-от век, вистинско богатство е масивниот лустер од 40.000 кристали Сваровски. Хотелот располага со 391 соби и иако секоја соба е луксуз за себе, не недостасуваат детали од дваесет и четири-каратно злато.
Хотелот, исто така, има десет вили распоредени околу градината во стилот на Версај.
Во рамките на хотелот, ќе најдете дури осум ресторани вклучувајќи го и првиот ресторан Алан Дукас во ОАЕ.


