Во три општини ќе се бираат нови градоначалници – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 8:04 PM

Во три општини ќе се бираат нови градоначалници

Три општини останаа без градоначалници, во кои ќе треба да се организираат нови избори. Дали ќе се чекаат претседеталските избори, па заедно да се органзиираат и локални во овие три општини, ќе одлучи Собранието на Република Македонија во координација со Државната изборна комисија (ДИК).

Општината Ново Село веќе половина година е без градоначалник, откако Боро Стојчев од СДСМ беше фатен и осуден за шверц со цигари. Стојчев деновиве излезе од затвор, откако казната, поради добро однесување, му беше скратена еден месец.

Со Општината Дебар раководи в.д. градоначалник по смртта на Ружди Љата, кој почина пред неполн месец, по тешко боледување. По ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски општината останува без прв човек.

Според законот, општината може да има привремено раководство во период од шест месеци, по што на предлог на владата, Собранието во координација со ДИК распишува избори само во во тие општини.