82-годишната бабичка положи тест за возење од прв обид – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 7:40 PM

82-годишната бабичка положи тест за возење од прв обид

82-годишна жена од Британија положила тест за возење од нејзиниот прв обид, и покрај тоа што морала да паузира за време на часовите поради операција на коленото.

Џозефина Сике, кој живее во близина на британскиот град Колчестер, одлучи да се запише во авто школа, бидејќи сакала поголема слобода и независност, пишува весникот The Independent .

И покрај тоа што мораше да паузира за операцијата, оваа супер бабичка ги помина сите тестови од прва.

Џејсон Мејсон, инструктор за возење, рече дека Џозефина Сике е најстариот ученик во авто школата.

 

“Таа едноставно имаше волја и  беше подготвена да учи. Јас ја третирав како секој друг студент”, рече Мејсон.