Новинарките се покажаа како подобри фудбалерки од пејачките, во рамките на дуелот кој денеска го организираше Спортско радио во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Натпреварот заврши во резултат 2:0. Селектор на новинарскиот тим беше Анита Даева, а пејачките ги „предводеше“ Сузана Спасовска. Пред почетокот на натпреварот, таа ја испеа „Македонско девојче“, па натпреварувачките тоа го искористија за да се „загреат“ со оро.


