Фудбалски дуел: Новинарското перо посилно од микрофонот (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 6:27 PM

Фудбалски дуел: Новинарското перо посилно од микрофонот (Видео)

Новинарките се покажаа како подобри фудбалерки од пејачките, во рамките на дуелот кој денеска го организираше Спортско радио во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Натпреварот заврши во резултат 2:0. Селектор на новинарскиот тим беше Анита Даева, а пејачките ги „предводеше“ Сузана Спасовска. Пред почетокот на натпреварот, таа ја испеа „Македонско девојче“, па натпреварувачките тоа го искористија за да се „загреат“ со оро.