Одамна слушаме за опасностите од климатските промени и глобалното затоплување но луѓето не се свесни за несаканите последици од овие процеси во секојдневниот живот. Најстрашно звучи опасноста од зголемувањето на нивото на морињата што би довело до спорото снемување на градовите, процес од кој не е поштеден ниту еден континент. Др.Катерин Крамер се бави со оваа проблематика и ги наведува градовите кои во најцрните сценарија би можеле да потонат.
Џакарта
Индонезискиот главен град по се изгледа е прв на листата на градови во светот кои најбрзо тонат. Така 40 % од неговата површина се наоѓа подморското ниво, а градот секоја година тоне за неверојатни 25цм.

Лондон
Главниот град на Англија го има истиот проблем како последица на последната ледена доба, Др Крамер алармира дека на Лондон му се заканува тонење поради глечер кој пред 11 илјади години ја притискал Шкотска. Од причина што сите глечери од тоа време се истопени, нивото на Шкотска секоја година растепо еден сантиметар додека во исто време јужна Англија тоне во море.

Дака
Главниот град на Индонезија секоја година е „понизок“ за 1.3 цм. Иако не е во голема опасност како случајот со Џакарта, нивото на морето на Бенгалскиот залив расте 10 пати повеќе од светскиот просек. Милиони луѓе веќе се преселени од градсото крајбрежје, а има и голем проблем со тектониските движења.

Бангкок
Секоја година главниот град на Тајланд потонува за 2.5 цм и со тоа се наоѓа во прилично лоша ситуација. Се предвидува дека до 2030 година градот може да западне во сериозни проблеми доколку не се превземаат традикалните мерки како градење на голем морски ѕид.

Њу Орлеанс
Градот кој пред неколку години беше зафатен од страшниот ураган Катрина, сега е на други големи маки. Според студијата која 2016 година ја има изработено НАСА, до 2040 година на градот му се заканува зголемување на морското ниво за 36 сантиметри. Мапите покажуваат дека некој делови на градот тонат дури 5 цм годишно главно во областите околу реката Мисисипи. Поради опасноста Владата на Америка пред извесно време има издвоено 48 милиони долари за преселување на населението од критичните предели на градот.



