Според најновата студија, најбогатиот човек во светот е шеф на Амазон Џеф Безос, кој секоја секунда заработува по 1.131 евра, односно, за неколку секунди, тој ја заработува годишна плата Македонец со просечна заработка.
Неговото богатство се проценува на 98 милијарди евра, а најновите инфографици објавени од ABC Finance покажуваат дека постои зголемен јаз меѓу најбогатите луѓе и просечниот работник во светот.
Веднаш зад Безос на листсата најбогати на светот, е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, чие богатство се проценува на 78 милијарди евра.
За него се вели дека заработува помалку од петтиот најбогат човек на светот, Марк Цукерберг, но неговото богатство е поголемо.
Така, Гејтс заработува 115 евра секоја секунда, што значи дека му требаат три секунди за да заработи малку повеќе од просечната плата во Македонија.
Секоја минута Гејтс станува побогат за 6.900 евра.


