Приказната за божиќните традиционални колачиња од Нинберг (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 5:14 PM

Приказната за божиќните традиционални колачиња од Нинберг (ФОТО)

Божиќни колачиња со мирис на цимет кои потсетуваат на медени колачиња или „Lebkuchen“ е вистинското име на колачињата кои доаѓаат од германскиот град Нинберг. Всушност тоа се колачиња кои изобилуваат со мед, кои се многу популарни посебно за време на традиционалните божиќни маркети кои се одржуваат поголемите германски градови.


Искуството на оние кои ги пробале вели дека имаат специфичен вкус кој варира од луто до благо, но уште една специфика на колачињата е нивното пакување. Имено, тие можат да се најдат спакувани во богато украсени лимени кантички и разнобојни картонски обвивки кои се мета на колекционерите во светот. Традиционалната форма на овие колачиња  тркалезна (со дијаметар од дури 10 см), но може да се сретнат и во многу позабавни облици како: срциња, куќички, вештерки, мали човечиња и сл.


Во сотојките влегуваат: мед, анасон, коријандер, каранфилче, ѓумбир,ореви и др. “Lebkuchen” колачите се обично меки, но често се произведуваат со поцврст состав па врз нив се исцртуваат различни шари со помош на шлаг.

Од 1996 година “Nürnberger Lebkuchen” се заштитени со ознака за потекло и мора да се произведуваат само во рамките на градoт.