Патувањето со воз претставува зимска идилична бајка, проверете зошто (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 4:48 PM

Патувањето со воз претставува зимска идилична бајка, проверете зошто (ФОТО)

Патувањето со воз е вистинско уживање. Освен што ќе уживате во специфичниот звук на возот, ќе може и да се препуштите на убавите специфични пејзажи кои ги носи секое годишно време.

Она што треба да направите е да го одберете друштвото за патување, да ја одберете дестинацијата, да купите билет, удобно да се сместите во купето, да се покриете со топло ќебе и шоља топол напиток и да уживате во природните слики на природата.

Дколку сакате оваа идеја да реализирате кај нас не ви се потребни многу пари, само голема желба тоа да го направите. Но доколку одберете некоја подалечна дестинација, во тој случај таа нека биде според длабочината на џебот.

Во продолжение погледнете неколку железници кои сообраќаат низ најубавата природа која ќе сакате да ја видите одблизу и ќе посакате тој момент да остане замрзнат.

Bergen Railway
Го поврзува Осло и Берген со 7-часовно патување низ норвешката дивина која е многу подраматична и идилична во зима.


Glacier Express
Возењето со воз од Сент Мориц до Цермат трае 8 часови, но нема ни да ги почувствувате додека уживате во природата и ги поминувате многубројните мостови и тунели.


Tadami Line
Оваа железничка линија поминува низ најубавите глетки од природа во Јапонија, кои се посебно спектакуларни кога се покриени со снег.