Фото: WTVM.com
На автопатот кај Цирих рано утринава, автобус излетал од патот и се забил во ѕид. Во несреќата загинал еден патник, а 44 лица се повредени, од кои тројца се во тешка здравствена состојба, соопшти швајцарската полиција.
Инаку автобусот патувала од италијанскиот град Џенова кон Дизелдорф во Германија. Полицијата ги истражува деталите за несреќата, пренесува Македонската информативна агенција.


