За љубителите на книгите: Направете лампион со дезен на текст (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 4:29 PM

За љубителите на книгите: Направете лампион со дезен на текст (ФОТО)

Сигурно по дома ви се наоѓа некоја кутија со постари лампиони кои повеќе не се во употреба, односно не одговараат на украсувањето за оваа година.Во тој случај не дозволувајте за завршат во канта за отпадок туку направете уникатни украси од нив.

Потребно ви е само:
– лампиони во кружна форма
– стари весници, учебници, списанија
– лепило
– четка
– украсна лента

Започнете со сечење околу 10 см широки ленти од хартија. Поминете со четка претходно натопена во лепило по целиот лампион, од врвот до дното. Кога лампионот ќе биде целосно покриен со лепило, обвтикајте го во листот хартија. Внимателно измазнете го и на врвот вратете го делот кој служи за закачување. Вметнете украсна лента по Ваш избор. Уште денес накитете си ја Вашата уникатна елка!