Нормализиран сообраќајот на патот Кочани-Делчево-Берово – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 4:08 PM

Нормализиран сообраќајот на патот Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран е сообраќајот за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Поради интензивни врнежи од снег денеска беше воведена задолжителна употреба на зимска опрема за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.