Се откажа од него во Челси, сега го фали со полна уста – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 3:47 PM

Се откажа од него во Челси, сега го фали со полна уста

Се загрева атмосферата во Англија пред големото дерби на двата најтрофејни клуба во англиското првенство Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Двете екипи ќе истрчаат максимално мотивирани иако домаќинот беше лидер пред ова коло, а Јунајтед е далеку од топ-4. Во центарот на вниманието ќе биде и Жозе Мурињо кој едвај чека вакви дуели.

Една од неговите поинтересни изјави пред мечот е онаа во врска со Мохамед Салах, фудбалер кого го купи додека беше менаџер во Челси, но не му даде шанса и на крајот го принуди да си замине од Стемфорд Бриџ. Сега Египќанецот е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и најголема закана за Јунајтед.

„Мо се развил неверојатно добро на сите нивоа. Пред неколку години беше брзо, но кревко момче, сега е многу сменет и е силен на физички план. Кога Мохамед дојде во Челси, не беше подготвен да го направи големиот чекор од еден швајцарски клуб кон гигант во Премиер лигата. Тој сега е најголема закана за мојот тим“, изјави Мурињо.

Натпреварот се игра од 17 часот на Енфилд, Манчестер Сити ќе чека услуга од градскиот ривал за да се врати на чело на табелата.

Извор: sportclub.mk