Фото: The Lohasian
„Колку животи за само еден капут?” – со ваков транспарент денеска во Барселона протестираа активистите за права на животните. Тие преку протестот го искажаа својот револт од користењето крзно и кожа од животни.

Неколкуте десетици активисти, соблечени голи и покриени со лажна крв, легнаа на прометниот Каталонски плоштад, а протестот го организираше шпанскиот огранок на групата за заштита на правата на животните „Анима Натуралис”.


