Холандија најде утеха во бронзениот медал на ЕП – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 3:26 PM

Холандија најде утеха во бронзениот медал на ЕП

Финалистот на последното Европско првенство, Холандија успеа да дојде до бронзениот медал на шампионатот кој денеска финишира во Франција. Со победата од 24:20 над Романија, Холанѓанките се изборија за 3. место, па ја добија утешната награда од „малото финале“ – објави порталот 24 Ракомет.

На оваа средба прв стрелец во Холандија уште еднаш беше Естевана Полман со седум гола, додека пет постигна Грот. Вестер имаше 14 одбрани. Во Романија Деду собра десет интервенции, додека Ардеан-Елисеу заврши со шест погодоци во отсуство на Неагу.

Финалето се игра од 17:30 часот, а во него се среќаваат домаќинот и актуелен светски првак Франција против олимпискиот шампион Русија.