Косово ќе бара воена отштета од Србија – најавува Лимај – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 3:11 PM

Косово ќе бара воена отштета од Србија – најавува Лимај

Потпретседател на косовската влада, Фатмир Лимај кој е дел од новоизбраниот приштински тим за продолжување на дијалогот со Белград, изјави дека „барање за воена отштета“ ќе биде една од 15-те теми за завршување на тој процес.

Тој повтори дека меѓу другите теми се, „меѓусебно признавање, исчезнати лица и сукцесија“, објави Коха диторе.

Лимај е еден од поранешните команданти на ОВК. Изјавата ја даде откако Парламентот синоќа усвои резолуција за продолжување на дијалогот и потврди нов тим за финалната фаза од дијалогот што ќе го предводи лидерот на  опозициската СДП, Шпенд Ахмети.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин оцени синоќа дека изборот на Лимај е „потценување на здравиот разум и само иедеја за дијалог“.