Погледнете како изгледа најдобрата божиќна дестианција во Европа (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 2:08 PM

Погледнете како изгледа најдобрата божиќна дестианција во Европа (ВИДЕО)

Загреб е главен град на Република Хрватска и најголем по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град.

Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Покрај тоа што претставува историска и култура разгледница, главниот град на Хрватска во последните неколку години е и најбараната дестинација за љубителите на божиќните пазари низ Европа. Неколку пати по ред божиќните пазари во Загреб се избирани како најдобри пазари во Европа, односно “Best European Christmas Destination”.

Пазарите се лоцирани во градскиот парк во Зрињавец, Еврпоскиот плоштад и низ многу други улици и плоштади низ градот. Божиќниот саем исто така е лоциран низ разни улици и плоштади како што се Боговичева улица, Гајева улица, Петричева и Варшавска улица.

Оваа година почувствувајте ја божиќната и новогодишната атмосфера во Загреб и уживајте во претстојните празници и прослави на една од најубавите божиќни дестинации.

Погледнете како изгледа овој град во предновогодишната магија:

Загреб со сигурност ќе го освои вашето срце!

Преземено од медиумот:
https://www.divianarts.com/207219