Укината забраната за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 1:56 PM

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 14 часот денеска е укината забраната за тешки товарни возила на патнит правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Поради интензивни врнежи од снег, денеска од 11 часот беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.