Јапонија очекува 15 милијарди заработка од Олимписките игри – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 1:33 PM

Јапонија очекува 15 милијарди заработка од Олимписките игри

Јапонија  е речиси подготвена за почеток на Летните олимписки игри 2020 година,а проценките на организаторот се дека ,,земјата на изгреј сонцето“ од најголемата светска спортска манифестација ќе заработи 15 милијарди долари.

Целата јапонска престолнина е со обележјето О.И а работите околу изградбата на Олимпиското село , стадионите и реконструкцијата на постоечките објекти,се одвиваат на големо,па организаторите се надеваат дека се’ ќе биде готово до средината на идната година.

Според нивните проценки,организацијата на Олимписките игри,Токио и Владатана Јапонија ќе ја чинат околу 12,6 милијарди долари.Сепак во споредба со проектираната заработка од околу 27 милијарди долари,вложувањето не претставува некој голем трошок за оваа земја.

Добар дел од работите на Олимписките игри, ќе ги вршат волонтери.Се очекува дека ќе ги има околу 80.000.До сега се пријавиле повеќе од

100.000 луѓе.