Лапонија: Домот на Дедо Мраз и земјата на зимските бајки (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 1:18 PM

Лапонија: Домот на Дедо Мраз и земјата на зимските бајки (ВИДЕО)

Домот на еден од најпознатите ликови во светот и најпосакуваниот дедо за време на новогодишните и божиќните празници, Дедо Мраз е ладната и снежна Лапонија, која има се што е потребно за да донесе вистинска зимска идила, а за тоа најмногу придонесуваат огромните замрзнати арктички тундри, густите шуми и непристапниот брег.


Лапонија е земјата на зимските бајки, земја на авантура и несекојдневна забава. Туристите одат во овој регион за да уживаат во скијање, во неверојатните пејсажи, а во сето тоа ги придружува и најпопуларниот дедо на светот – Дедо Мраз. Она што е единствено непознато е точната локација на Лапонија.


Само Финска и Шведска имаат право на неа. Меѓутоа, некои луѓе сметаат дека Лапонците се селат во Норвешка и Русија.

Лапонија се протега на ладни предели, па поради ова нејзиниот животински и растителен свет е специфичен.

Погледнете како изгледа бајката наречена Лапонија: