Партијата „Глас за Македонија“ денеска објави дека вчера бил забранет протест против уставните измени, организиран од Движењето „Бојкотирам“.
Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест. Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек – велат од партијата Глас за Македонија.
Оттаму најавија дека ќе поднесат кривични пријави како и жалба до Уставниот суд, а ќе испратат информации и до сите амбасади и до ОБСЕ.


