Пламени јазици целосно проголта една куќа и автомобил сопственост на семејство во тетовско Доброште. Пожарот избувнал од автомобилот, кој бил паркиран во гаражата од сега веќе пеплосаниот дом.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека интервенирала со две противпожарни возила и 8 пожарникари. Пламените јазици избувнале од автомобилот, и се прошириле кон домот на семејствотото, кое сега е без покрив над главата.
Командирот Алити, апелира сопствениците повеќе да ги контролираат возилата, за да не дојде до поголема трагедија како таа во тетовско Доброште.
Од Општина Теарце, рекоа дека ќе одвојат помош за семејството, кое остана беаз сето она што го печалело со години.
Зоран Димовски


