Студентите на албанските државни универзитети излегоа на улиците , 12-ти ден по ред, барајќи средба со владини претставници за осумте барања што ги испратија.
АТА вели дека, за разлика од претходните денови, имало помалку ученици, но дека на демонстрантите им се придружиле жителите на Тирана, од реонот Астир.
Албанската агенција соопшти дека премиерот Еди Рама позитивно одговори на осумте барања на студентите и го повтори повикот за дијалог.
Во информацијата се потсетува дека студентскиот протест почна на 4-ти декември и беше насочен против повторното плаќање на испитите на кои студентите веќе се откажаа, а потоа беше продолжен списокот на барања, меѓу кои беше и преполовување на школарината.
Објавено на: 12/16/18 12:37 PM


