Филипче и Рашковски во посета на повредените во несреќата кај Лесковац – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 11:47 AM

Филипче и Рашковски во посета на повредените во несреќата кај Лесковац

Министерот за здравство, Венко Филипче и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски како и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата што се случи ножеска кај Лесковац кога автобус на  струшки Еуро бус излета од патот. Филипче и Рашковски ќе ги посетат повредените македонски државјани во болниците во Ниш и во Лесковац.

МНР соопшти дека е добиено известување од српските власти, според кое во несреќата загинале три лица, маж на 67 години и две жени. За жените се уште нема потврда на идентитетот.

Автобусот сообраќал на релација Битола-Прилеп-Велес-Табановце-Виена. Според информациите на МИА, едниот од возачите бил од Битола додека вториот од Прилеп.

Во Прилеп автобусот пристигнал околу 19:30 часот и на тамошната автобуска станица во него се качиле 11 патници, потврди шефот на автобуската станица во овој град Љупчо Алексовски.