Пепе го напушти Бешикташ – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 11:35 AM

Пепе го напушти Бешикташ

Централниот дефанзивец Пепе ја заврши својата турска авантура во Бешикташ, објавија турските медиуми. Поранешниот играч на Реал Мадрид се согласи со клубот од Истанбул да го прекине договорот. Причината е поврзана со финансиските проблеми на орлите.

Според турските медиуми, во изминативе месеци Пепе плаќал дел од платите на готвачите и луѓето кои се грижат за тревната површина на стадионот.

Во тековната сезона португалскиот интернационалец има 17 натпревари и пет гола.