Вулканот Сопутан на индонезискиот остров Сулавеси денес еруптираше исфрлајќи пепел на 3 километри висина, објави државната агенција за управување со катастрофи. Нема извештаи за жртви, а пепелта не се смета за закана за авионите, соопшти портпаролот на агенцијата Сутопо Нугрохо, пренесе Си-би-ес њуз.
Нивото на предупредување за вулканот со височина од 1785 метри останува степен над нормалата, со зона на забрана за пристап во опсег од 4 километри, рече Супото. „Има постојан тремор и звуци слични на грмотевици“, рече тој.


