Скандал на изборот на Претседалет на ЗНМ – Дали Младен Чадиковски е нелигитимен претседател на ЗНМ?!! – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 9:22 PM

Скандал на изборот на Претседалет на ЗНМ – Дали Младен Чадиковски е нелигитимен претседател на ЗНМ?!!

Според статутот на ЗНМ, за да победи некој денес, според бројот на присутните 175, морал да добие најмалку 88 гласа. Чадиковски доби 86.

На самиот денешен избор му претходеа многу сомнителни случувања. Прво, Управниот Одбор , без кворум донесе нелигитимна, нестатутарна одлука дека 5ти Декември 2018 е последен ден за регистрирање на членови на ЗНМ кои ќе имаат право на глас.

Потоа, Насер Селмани, иако формално во тој момент не беше номиниран, го промовираше Младен Чадиковски како канидат за Претседател, на неколку средби со новинари.

Последно, на денешното изборно Собрание, претставникот на верификационата комисија, Горан Трпеноски , официјално, пред присутните и камерите , изјави дека се присутни 169, но по интервенција на Насер Селмани, изјави дека се пријавени уште 6 новинари, со што финалната и конечна бројка на присутни новинари е 175.

Според статутот на ЗНМ, член 34 став 2, вели „Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание.“

Оттука, јасно е дека пбедата на Младен Чадиковски е пирова, што, впрочем, го потврдува и самиот Горан Трпеноски.

Канал 5 ТВ утре ќе ја извести Европската Аоцијација на Новинари , за да види дали станува збор за намерна или случајна измама но и ќе ги оспори претход споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ.

Се во име на новинарите!