Куче одбило да си оди од местото каде е погребан неговиот сопственик – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:55 PM

Куче одбило да си оди од местото каде е погребан неговиот сопственик

Бул териерот е пронајден во Оклахома како го чува телото на починатиот газда. Тој починал од природна смрт, а утврдено е дека пред доаѓањето на луѓето, кучето бдеело над него со часови, стоејќи на сонце.

Покрај високата температура, кучето не сакало да тргне со луѓето за згрижување и заштита на животни, бидејќи не сакало да се разделат.

Кога конечно тргнало, цело време се вртело и се враќало кај сопственикот.

Откако е згрижено во прифатилиштето, тоа воопшто не лае, како да сака сите да го остават на мир да тагува.

Кога го изведуваат на прошетка, постојано се врти наоколу , барајќи го својот пријател.

Неговата верност и љубов немаат граници…