Неколку десетици инфраструктурни проекти, оспособување на општинските институции да станат енергетско ефикасни, зголемување на висината на стипендиите за учениците, бесплатен превоз за децата од градинките, 20.000 денари за секое новороденче – се само дел од завршените работи за една година, откако Соња Стаменкова ја презеде градоначалничката функција во Македонска Каменица. Денеска Стаменкова пред своите сограѓани го презентираше извешатајот за сработеното.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=7bXhUkcR8dc]
Градоначалничката Стаменкова се осврна на повеќе реализирани проекти, а потсети и на расчистените долгови што ги наследи од нејзиниот претходник.
Исплатени се побарувањата за изградбата на патиштата до Сарафска и Мечкарска маала во село Саса, за маалите Ќосевци и Дулѓерци во село Дулица, за изградбата на дел од патот до Стамболиска маала во село Цера, за изградба на локални пристапни патишта во селата Дулица, Моштица и Луковица, како и за неколку улици во Македонска Каменица. Платени се долговите и за изградба на атмосферската канализација во Македонска Каменица и за фекалната канализација во Стара Каменица. Општина Македонска Каменица ги сервисираше и долговите кон ЕВН, кон „Камена Река“, кон Ветеринарно-сточарски центар и редица други локални институции, приватни фирми и компании.
Вкупниот износ на исплатените долгови изнесува повеќе од триесет милиони денари и за само една година успеавме да поставиме цврст темел за реализација на
Објавено на: 12/15/18 7:17 PM


