Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ пред натпреварот од 16. круг од шампионатот на Шпанија против Рајо Валекано ја изнесе Златната топка на теренот на „Сантијаго Бернабеу”. Тој од домашните навивачи беше поздравен со бурен аплауз.
Триесет и три годишниот Хрват ја доби оваа награда на 3 декември од страна на „Франс Фудбал”.


