Во Делчево се одржа Интернационалниот фестивал „Балканот игра и пее” – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 7:07 PM

Во Делчево се одржа Интернационалниот фестивал „Балканот игра и пее”

Фото: Delcevo365
Делчево денеска беше домаќин на третото издание на Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет „Балканот игра и пее”. Настанот го организираше Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, а со свои кореографии се претставија неколку домашни и странски балетски групи.
-Се работи за Меѓународен фестивал кој по трет пат се организира во Делчево. Гости имаме од Бугарија тоа е балетската група „Кроазе”, гости исто така имаме од Штип, тоа е балетската група „Хепи денс тајма”. Фестивалот се организира на задоволство на делчевската публика која и овој пат дојде во голем број што ни дава за право и во иднина да се заложиме за организирање вакви и слични концерти – рече директорот на установата Методи Толевски.
За учесниците од Бугарија ова беше прво гостување во Делчево.
Фестивалот беше збогатен со настап на фолклорната група Н.Ј.Вапцаров како и женската пејачка група „Ѓурѓа”.