Изложба на Снежана Лазарова Луна во Градско – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 7:01 PM

Изложба на Снежана Лазарова Луна во Градско

Во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков” во Градско денеска беше отворена седмата самостојна изложба на Снежана Лазарова Луна, самоук,слободен уметник, наивец, која десетина години создава уникатни дела – слики изработени со семе од бел ориз и библиско црно семе синапово. Таа на оваа изложба се претставува со 24 дела од нејзиното деветгодишно творештво. Сликите се изработени со семиња од органско потекло на ориз и црн синап од македонското поднебје.

Техниката на Снежана Лазарова Луна е иновативна и оригинална единствена на нашиве простори и пошироко, велат историчарите на уметноста кои го следат најзиното творештво.

Лазарова во своите најнови дела претставува слика со базиликата – мозаик од крстилницата во Стоби, и совршен круг огледало од мост. Воедно се претставува и со циклус од четири слики посветени на Тоше Проески, а за кој, како што ни најави, подготвува и цел циклус и изложба во јануари, за роденденот на Тоше.

На нејзините слики има претставено голем број светци меѓу кои предначи Богородица со Исус, Свети Никола, Св Петка, Св Јован, „Псалм 42″.

Потоа Куќата на Кочо Рацин, Ленка на Рацин, Кањонот Пешти на реката Бабуна, Портал, жетварки, зрно леб.