Манчестер, Сингапур, Токио и Торино кандидати за финалниот АТП турнир – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 6:25 PM

Манчестер, Сингапур, Токио и Торино кандидати за финалниот АТП турнир

Лондон ќе се бори против уште четири кандидати за финалниот АТП турнир за годината по 2020 година, објавија од Асоцијацијата. Манчестер, Сингапур, Токио и Торино се приклучуваат на Лондон во кандидатурата за домаќин на турнирот од 2021 до 2025 година.

Салата „О2″ во Лондон е домаќин на најдобрите тенисери за годината од 2009 година, а настанот се следи со голем интерес. Сепак, од АТП во август објавија дека ќе им овозможат и на други градови да аплицираат за организација на натпреварувањето.

За организација на престижниот турнир, интерес покажале повеќе од 40 градови, а конечната одлука ќе биде донесена во март 2019 година.

Деби изданието на турнирот се одржа во Токио во 1970 година, по што домаќини биле Њујорк (13 години), Франкфурт (шест години), Хановер, Лисабон, Сиднеј, Хјустон и Шангај.