Шеснаесетгодишна ученичка, која наводно се повредила од стакло додека јадела од чоколадниот крем, доби отштета од 30.000 евра.
Џејми Ли МекАдам, поточно нејзината мајка Наташа, го тужеше Фереро во Англија, производителот на Нутела. Нивниот адвокат рече дека Џејми Ли бил повредена откако јадела торта со Нутела. Подоцна истрагата открила дека имало парчиња стакло во Нутела кое останало на дното на теглата.
Контроверзниот продукт е произведен во Англија и е купен во запечатен сад во ирска продавница.
Адвокатот изјави дека Џејми Ли почувствувала парчиња од стакло во устата по што и’ се појавиле болки во стомакот, кратко потоа.
Мајката ја однела во болница, но не се пронајдени траги од стакло, по што пуштена е на домашно лекување. Следниот ден, повторно почувствувала болки во стомакот, по што го напуштила училиштето.
Судот пресуди во корист на Џејми Ли, по што со компанијата е постигната спогодба во износ од 31.600 евра.
Џејми ќе може да располага со тие пари по 18-тиот роденден.


