Нови протести, ама против коцкањето – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 6:06 PM

Нови протести, ама против коцкањето

Фото: Архива

Движењето против коцкање во Тетово најави протести на 21 декември, кога ќе го повтори барањето казината и спортските обложувалници да бидат на три километри далеку од градот. Активистите кои денеска одржаа прес конференција побараа нивна дислокација.  Доколку не се исполни нивното барање, од Движење против коцкање најавија протести на 21 декември на плоштадот Лирија во Тетово.

„Нашето барање е 3 км далеку од населените места, упатуваме апел до власта особено до пратениците кои се членови и заменици членови во Комисијата за финансирање и буџет, да бидат одговорни и внимателни при гласањето на законот и во исто време бараме јавна дебата и ги известуваме дека нема да прифатиме никаков закон кој е во спротивност со барањата на Движење против коцкање, закон кој ќе биде на штета на интересите на граѓаните“, изјави Џемал Абдиу од Движење против коцкање.

Во Тетово има над 30 казина и над 140 спортски обложувалници.