МВР: Проголтал непозната прашкаста материја, а потоа починал – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 5:47 PM

МВР: Проголтал непозната прашкаста материја, а потоа починал

Триесет и две годишен жител на Злетово синоќа починал откако проголтал непозната прашкаста материја за време на контрола на граничниот премин Делчево при влез во Република Македонија, информираа од МВР.

Од таму додаваат дека прашкастата материја која ја проголтал починатиот била пронајдена кај него при претресот. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.