Петнаесетгодишната, Сара Марковска од Ресен ја промовираше својата втора книга насловена „Монодрама на лудиот” .
– Многу сакам да пишувам. Првата книга, која ја објавив во 2014 година се вика „Љубовта на мојата стара”, но за разлика од денес таа беше збирка поезија. По четири години повторно промовирам книга, што ме прави особено среќна. Не застанувам со пишувањето, тоа ми е омиленото хоби – истакна Марковска по промоцијата.
Промотор на книгата беше познатиот писател за деца Горјан Петревски, кој воедно беше промотор и на првата збирка поезија на Сара Марковска.


