Оваа нова црква е самостојна, оделена од Московската Патријаршија. На состанокот на претставниците на новата црква, на која присуствуваше и претседателот на Украина Петро Порошенко, митрополитот Епифаниј беше избран за поглавар на црквата, објави агенцијата Тасс.
-Им честитам на сите за основањето на автокефалната Украинска православна црква, која само што создадена”, рече Порошенко, пред илјадници луѓе кои се собраа денес пред храмот на Света Софија во Киев.

Новиот поглавар на црквата беше избрана зад затворени врати на т.н. обединувачко собрание, објави АП.
Американската агенција потсети дека заседанието се одржа во времето на воена состојба прогласена во десетте погранични региони на Украина.
Воената состојба е прогласена поради “руската закана” и по инцидентот во теснецот Керчк, кога руските поморски сили запленија три украински воени бродови и ги уапсија членови на екипажот, врз основа на тоа дека го прекршуваат руските територијални води.


