„Добро знам да СЕЧАМ“, Ердоган цитираше еден од убијците на Кашоги – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 4:01 PM

„Добро знам да СЕЧАМ“, Ердоган цитираше еден од убијците на Кашоги

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откри нови вознемирувачки детали за убиството на соработникот на Вашингтон пост Џамал Кашоги, велејќи дека еден од убијците бил висок саудиски воен претставник.

Според турскиот лидер, шефот на разузнавачката служба во Саудиска Арабија „во записот е слушнат како вели дека е катастрофа“ што Кашоги е дрогиран.

„Друг човек одговара: ’Добро знам да сечам’. Зошто? Бидејќи тој е форензичен експерт. Тој има висок воен чин. Сè е таму на снимките“, рече Ердоган во неговиот говор на настанот за Ерусалимската платформа во петокот во Истанбул, цитирано од Хуријет Дејли Њуз.

Истакнатиот саудиски дисидент Џамал Кашоги исчезна на почетокот на октомври по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција. Ријад подоцна тврдеше дека бил убиен откако спонтано избувнала тепачка во зградата. Анкара сепак инсистира на тоа дека новинарот бил убиен од „тим убијци“ испратен од Саудиска Арабија. Неговото тело сè уште не е пронајдено.
Преку серија обелоденувања на информации преку медиумите, турските власти тврдеа дека Кашоги бил претепан, дрогиран и исечен со пила за коски. Оваа недела, повикувајќи се на сопствени извори, Си-ен-ен објави дека на аудиозаписот од последните моменти на новинарот се слуша како вели: „Не можам да дишам“.

Претходните извештаи сугерираа дека наводните извршители биле испратени од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и го информирале дека нивната мисија е завршена.

Преземено од медиумот:
https://www.mkd.mk/svet/vesti/znam-kako-dobro-da-secham-erdogan-citirajkji-eden-od-ubijcite-na-kashogi