Ставот на македонскиот премиер Зоран Заев дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент е против Албанците во Косово и САД, напиша Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, на својот фејсбук-профил.
Села му порача на Заев да си го гледа сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.
Села го повикува Заев да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да ѝ го честита на косовската влада формирањето на Армијата на Косово.
„Изјавата на Заев е националистичка изјава. Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија“, напиша Села на својот фејсбук профил.
https://www.facebook.com/ZiadinS/posts/1442159649248170


