Труење со храна во индиски храм: Единаесет лица починаа – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 3:35 PM

Труење со храна во индиски храм: Единаесет лица починаа

Единаесет лица, меѓу кои две деца, починаа денеска од труење со храна послужена во храм во јужната индиска држава Карнатака – соопшти полицијата.

Од масовното труење, 90 лица се во болница со дијареа, повраќање и проблеми со дишењето.

Медиумите во Индија известуваат дека труењето со храна е поради одредени пестициди, но полицијата смета дека е премногу рано да се даваат заклучоци за причините за труењето.