Суд во Тексас го прогласи Обамакер за неуставен – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 3:20 PM

Суд во Тексас го прогласи Обамакер за неуставен

Суд во Тексас донесе одлука дека клучен дел од Законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер, е неуставен. Судијата Рид О’Конор рече дека Законот кој Конгресот го усвои во 2017 година, избришал даночни казни кои поединци ги плаќале во случај да немаат здравствено осигурување.

-Поради тоа, Обамакер е неуставен во целина, бидејќи тој елемент бил „клучен“ – нагласи судијата.

Обамакер беше донесен во мандат на поранешниот претседател на САД, Барак Обама