Општина Охрид утре во почеток во 10 часот ќе одржи комеморативна седница, откако градоначалникот Стојаноски почина ненадејно. Комеморација ќе се одржи во големата сала на општинската зграда.
Исто така, во текот на утрешниот ден се очекува охридските советници да донесат одлука за прогласување Ден на жалост.
Стојаноски почина утрово ненадејно, како последица на масивен инфаркт на срцето и мозокот. Тој најпрвин бил примен во Интерното одделение во општата болница во Охрид, од каде итно бил упатен во Заводот за кардиологија, но на пат за таму починал.
На функцијата градоначалник стапи минатата година.


