Мик Малвејни нов шеф на Кабинетот на Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 2:32 PM

Мик Малвејни нов шеф на Кабинетот на Трамп

Мик Малвејни ќе биде назначен за вршител на должноста шеф на Кабинетот на Доналд Трамп.

Малвејни, кој е поранешен конгресмен – републиканец од Јужна Каролина, во моментот раководи со Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа.

„Среќен сум што можам да соопштам дека Мик Малвејни, директор на Белата куќа за буџет, ќе биде назначен за привремен шеф на канцеларијата на Белата куќа за да го замени генералот Џон Кели, кој се истакна служејќи и на нашата земја“, напиша Трамп на Твитер.