Планот за Брегзит на премиерката, Тереза Меј е „мртов“ – сметаат мнозинството министри во Велика Британија. Весникот „Тајмс“ објави дека тие веќе разгледуваат и втори опции, а меѓу нив е и опцијата за втор референдум.
Една група министри, меѓу кои се и министерката за труд и пензиски систем Амбер Руд и министерот за финансии Филип Хамонд, ја претежираат опцијата за нов референдум, доколку сите други опции се потрошени, пишува „Тајмс“.
Друга група министри, меѓу кои се министерот за заштита на животната средина Мајкл Гов и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, се противат на идејата за референдум.
Останатите министри, меѓу кои е и министерот за надворешни работи Џереми Хант, сакаат да го ризикуваат излезот од ЕУ без договорот – пишува британскиот весник.


