Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Александар Кирацовски денеска упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на градоначалникот на Охрид, професор доктор Јован Стојаноски.
– Изразувам искрено жалење и сочувство за прераната загуба на Јован Стојаноски, татко, сопруг, пријател, професор и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството и пријателите, туку и на Охрид и на Република Македонија. Македонија и Охрид денеска загубија врвен професионалец и одговорен градоначалник. Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на делото што зад себе го остави Јован Стојаноски, како во науката, така и во дострелите во раководењето со општина Охрид. Нека делата што ги остави зад себе бидат водилка за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат успеси и да ја градат сопствената, но и иднината на Охрид и на Република Македонија, се наведува во телеграмата со сочуство.
Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48 годишна возраст.


