Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за бугарската Нова ТВ изјави дека нема да гласа за Македонија во НАТО, доколку земјата не го промени фалсификувањето на историјата.
Според Каракачанов, во комисијата која се состанува за решавање на контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост.
– Не се согласувам со тоа Бугарија да постигнува компромис за својата историја – изјави претседателот на бугарското ВМРО, кое е коалиционен партнер во владата на Бојко Борисов.


