Стојаноски, според информациите имал толку силен срцев удар, што не успеал да стигне ни до
Општата болница. Почина претпладнето, на 48 годишна возраст. Од Интерното одделение на охридската болница веднаш бил пренесен на Центар за срцеви заболувања во Охрид, каде се направени последните обиди да се реанимира. Од Центарот за срцеви заболување за попладне најавија соопштение.
Стојаноски на фунцијата градоначалник на Општината Охрид беше од 20 октомври 2017 година. Според информации од неговите соработници, Стојаноски немал претходни здравствени проблеми, но секојдневно се соочуваал со проблемите со тесното мнозинство во Советот, презадолжената општина и нејзиното финансиското работење.
Пред да ја преземе функцијата градоначалник, 23 години беше професор на Факултетот за туризам во Охрид.


