Јавна расправа за буџет за 2019 на Општина Штип – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 12:03 PM

Јавна расправа за буџет за 2019 на Општина Штип

Во просториите на Општина Штип се одржаа две јавни расправи за креирање на буџетот на Општина Штип за 2019 година. На овие јавни расправи присутни беа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и директорите на ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“.

Свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски каде пред присутните ги презентираше веќе започнатите и реализираните проекти во текот на изминатата година кои произлегле од минатите јавни расправи со граѓаните од урбаните заедници.
Во наредните денови овие јавни расправи ќе продолжат, се со цел да се слушне мислењето на секој граѓанин на Општина Штип.